четврток, 24 септември, 2020
Реклама

За прв пат преку 100 заразени со коронавирус во еден ден во земјава

Рекорден број на заразени со коронавирус се регистрирани во земјава во последните 24 часа. Вкупно 107 граѓани се инфицирани со Ковид-19, од кои, најмногу има во Куманово, вкупно 44.

Следува Скопје со 28, Прилеп со 11, Битола со 6, Тетово 5, Велес 4, Гостивар и Дебар со 2 и Струга, Кавадарци, и Штип со по 1 еден заразен.

Со ова вкупниот број на дијагностицирани случаи во државава достигна 1.081 лица.

Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 367, Куманово – 306
Дебар – 51, Штип – 32, Прилеп –100, Тетово – 48, Струга – 50, Велес – 40, Битола –15, Охрид –7
Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 4, Радовиш – 4, Крушево – 3
Кочани – 26, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 2.

Во однос на состојбата на хоспитализираните лица, осумнаесет пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а пет пациенти се на механичка вентилација.

Во однос на починати лица, изминатото деноноќие утврден е еден смртен случај. Се работи за пациент од Струга.

Вкупниот број на починати лица кај кои е дијагностициран вирусот Ковид-19 достигна 46 лица.

Mon Жан - Играчки