Хуманоста на дело

1

По повод големиот Христијански празник Велигден, денес во Велес група хумани граѓани организираа голема хуманитарна акција за социјално загрозените семејства. Во периодот од 11 до 13 часот беа поделени 400 оброци за најранливите категории.

“И понатаму апелираме до сите хумани луѓе да се вкучат во оваа акција која што ќе се одвивава и во наредните денови, се со една заедничка цел, да се обезбеди храна за најранливите категории”, порачаа од гостилница Боем, Црвениот Крст, фудбалерот Панче Ќумбев и хуманитарката Ленче Здравкин, кои се организатори на акцијата.

Дел од овие оброци за прв пат беа доделени и на здравствените работници.