понеделник, 21 септември, 2020
Реклама

Општина Чашка подели помош за социјално загрозените семејства

Дваесет пакети со храна за социјално ранливи категории граѓани од селата Богомила, Чашка, Бањица, Мелница, Горно и Долно Јаболчиште, достави Општина Чашка.

Пакетите се обезбедени во соработка со Општинскиот кризен штаб на Велес. Градоначалникот на Чашка Горан Стојановски, кој е лично вклучен во делење на пакетите на терен вели дека следната недела треба да се поделат уште дваесет хуманитарни пакети и за жителите од останатите села од Општина Чашка.

“Пакетите ги делиме на оние кои припаѓаат во социјално најранливите категории на граѓани. Апелирам до фирмите и граѓаните кои се во можност во овие тешки денови на криза, да се вклучат и да донираат хуманитарна помош. Да си помагаме еден на друг, да ја покажеме хуманост и солидарноста на дело”, порача градоначалникот на Чашка Горан Стојановски.

Mon Жан - Играчки