недела, 20 септември, 2020
Реклама

Коронавирусот не му пречи на Белоруското фудбалско првенство

Скоро 15 000 луѓе се заразени со коронавирус, а 93 починати во Белорусија, но фудбалскиот шампионат продолжува. Белоруската лига е единствена во Европа што не се прекина заради пандемија.

Белорусија е единствената земја во Европа што игра професионален фудбал за време на пандемијата. Машката лига започна минатиот месец, а женската лига требаше да започне на 16 април, но доцни две недели поради сомневање дека некои од играчите имале контакт со лица кои имаат вирус.

Портпаролот на Белоруската фудбалска федерација, Александар Аленик, изјави дека тестовите не го потврдуваат вирусот за ниту еден играч.

“Ние ја разгледуваме, анализираме и проценуваме ситуацијата не секојдневно, туку секој час. Да бидеме искрени, никој во светот денес нема одговор на прашањето што да се прави во оваа ситуација. Дали треба да се затворат стадионите или да продолжат натпреварите? Дали е единствената правилна одлука да се прекинат?” Пред неколку дена изјави белорускиот министер за спорт, Сергеј Ковалчук.

И покрај апелот на Светската здравствена организација да стави крај на првенството, Белорусите сепак одржуваат натпревари. Претседателот Александар Лукашенко им порача на граѓаните да пијат вотка затоа што тоа ќе го убие вирусот.

Mon Жан - Играчки