сабота, 26 септември, 2020
Реклама

Опаѓа бројката на заразени од Ковид 19 во Македонија

95 оздравени пациенти се регистрирани денеска во Институтот за јавно здравје, од кои 32 се во Скопје, 38 се во Куманово, 16 во Прилеп, два во Тетово и едно лице во Битола.

Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје два, во Куманово еден, во Прилеп еден, во Тетово еден.

Во изминатите 24 часа починале двајца пациенти, еден од Куманово и еден од Струга.

Согласно ова вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.601, бројката на оздравени пациенти е 947 , на починати е 84.

Mon Жан - Играчки