четврток, 6 август, 2020
Најнови вести
Реклама

(ВИДЕО) Познатата водителка Анита Даева на уникатен начин им ја честиташе златната свадба на своите родители

Anita Daeva

Да се дочека „златна свадба“ не е мала работа во животот. Тоа е половина век заеднички брачен живот. И навистина вреди да се одбележи соодветно. За жал, состојбата во која се наоѓа светот и пандемијата со коронавирусот, не дозволува ваквите моменти да се прослават онака како што и му доликува на јубилејот. Но, не и за инвентивните луѓе.

SkillUP

Една од нив е познатата водителка Анита Даева, која на уникатен начин се сети на своите родители да им направи изненадувње и да им го честита несекојдневниот јубилеј на нејзините родители. Таа ангажирала музичари, кои на прагот на домот на нејзините мајка и татко во Велес им ја засвиреа нивната омилена „Зелене очи“, а досетливата ќерка со торта во облик на две срца, кошница со цвеќиња и шампањско, направи овој ден нејзините родители да го паметат додека се живи.

Изненадувањето Даева го сними на својот мобилен телефон, а снимката ја објави на фејсбук. На неа се гледаат и солзите радосници на нејзините родители, кои ги измами овој неочекуван чин на нивната ќерка. Еве како сето тоа изгледаше:

Оти од нивните души е мојата, Фала Ви за животот, зборот, за бесконечната љубов.Ве сакам ЧЕСТИТО 50 години ЉУБОВ

Geplaatst door Anita Daeva op Zaterdag 2 mei 2020
Реклами
Mon Жан - Играчки