Дражен Петровиќ и Дејан Бодирога биле братучеди?

2
Bodiroga-Drazen

Една впечатлива приказна од деведесеттите години на минатиот век објави шпанскиот весник „Мундо депортиво“, а таа откри дека прославените кошаркари Дражен Петровиќ и Дејан Бодирога се блиски роднини или поточно – втори братучеди.

Роднинската врска е следна: дедото на Дражен Петровиќ и бабата на браќата Дејан Бодирога биле родени брат и сестра. Станува збор за Јован Петровиќ и Госпава Петровиќ.

Јован е татко на Јоле, кој поради службата во Министерството за внатрешни работи на Југославија заминал во Шибеник, каде што ја запознал Бисерка, се оженил и добил двајца синови, Александар и Дражен, кои подоцна ќе станат славни кошаркари.

Од друга страна, Госпава Петровиќ се омажила и станала Госпава Бодирога, а едно од нејзините седум деца, Васо, ги добил синовите Жељко и Дејан Бодирога, а вториов подоцна ќе стане, исто така славен кошаркар.

Оваа приказна на познатиот српски спортски новинар и публицист Владимир Станковиќ му ја потврдил и лично Дејан Бодирога, кој му раскажал дека како кадетски репрезентативец, на некои подготовки во Загреб го запознал Дражен, но не знаел дека се роднини.

Животот сакал Јован Петровиќ од родната Херцеговина да тргне кон Шибеник, а Госпава Петровиќ кон Војводина, односно во Банат. Дејан Бодирога подоцна од родителите ја слушнал приказната за роднинската врска со Петровиќи, но никогаш немале контакти.

Во Реал Мадрид играле неколку братски тандеми, а најпознати биле Фернандо и Антонио Мартин, но двајцата роднини со кошаркарски квалитети какви имаа Дражен Петровиќ и Дејан Бодирога, Реал сигурно немал. Да биде куриозитетот поголем, едниот играше за Хрватска, а другиот за Србија.

Оваа приказна неодамна во разговор за српските медиуми ја потврдила и мајката на браќата Петровиќ, Бисерка, која истакнала дека нејзиниот сопруг Јоле сеуште има роднини во Зрењанин и во Земун.