ЕДЕН МЕСЕЦ ПОДОЦНА: Битката ја добив, војната ја изгубив(ме)

1

Гоце Михајлоски, главниот и одговорен уредник на Канал 5, е еден од оние кои за жал коронавирусаот не го поштеди ниту него, ниту пак неговото семејство. Тој по повеќе од еден месец, утрово на својот фб се јави да раскаже како поминале овие тешки моменти за него, и за неговата фамилија, но и како тоа неговиот татко за жал ја загуби битката со коронавирусот.

“Сосема беше во право британскиот премиер Борис Џонсон, кога кажа дека новиот вирус е како крадец. Доаѓа од “нигде-никаде”, и за брзо остава пустош зад себе. Во случајот со моето семејство, зеде и живот – на татко ми” раскажува Михајлоски.