По три дена без заразени, денеска во Велес нови случаи со коронавирус

1
Infektivno Veles

Четири нови случаи на заразени велешани од коронавирус се регистрирани во последните 24 часа, објави министерот за здравство Венко Филипче. Тоа се половина од вкупниот број заразени во целата држава, кој во последното деноноќие изнесува осум нови случаи. Освен четворицата велешани, во Скопје се регистрирани три новозаразени, а во Битола е регистриран еден случај.

Во исто време, еден велешанец го прележал коронавирусот и е во евиденцијата на вкупно 21 оздравени.

„Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години, која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина. Согласно ова вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427. Во изминатото деноноќие направени се вкупно 185 теста“, напиша Филипче на својата фејсбук страница.