недела, 20 септември, 2020
Реклама

Коронавирусот стигна и во општина Чашка

Caska

Двајца од денешните четворица велешани заразени со коронавирус се од општина Чашка. Оваа вест ја потврди градоначалникот на оваа општина Горан Стојановски на својот фејсбук профил.

„Денес во телефонска комуникација со матичниот доктор од населба Чашка бев информиран дека едно од позитивните лица е во ЈЗУ Болница Велес, а додека второто е на домашно лекување по препорака на матичниот доктор бидејќи се чувствува добро.
Општина Чашка ќе продолжи со спроведување на сите заклучоци и мерки за справување со вирусот“, напиша градоначалникот Стојановски.

Тој апелира до сите жители од општина Чашка на смиреност и на почитување на мерките за заштита од ширењето на заразата.

Прв случај на заразени со коронавирус во Општина ЧашкаВо населба Чашка денес се регистрирани првите два случаи на…

Geplaatst door Горан Стојановски – Градоначалник на Општина Чашка op Dinsdag 5 mei 2020
Mon Жан - Играчки