Заев и Мицкоски со различен термин кога да се одржат изборите

1

Лидерите на двете најголеми партии во државава, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, со различни ставови околу тоа кога би требало да се одржат изборите.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вчерашното интервју на телевизија 24 рече политичките партии мораат дека мора да бидат одговорни кон државата и да го прифатат првиот момент за избори, а најоптимално, тоа би било во средината на јуни.

“Има доволно време од завршувањето на вонредната состојба за сите активности, ако, секако, тоа го дозволи ситуацијата со коронавирусот за што, секако, ќе одлучат надлежните во здравството”, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување на Отворено студио на телевизија 24.

Лидерот за СДСМ, Зоран Заев рече дека на лидерската среда кај претседателот на државата ќе побара да се слушнат сериозните аргументи на институциите. Доколку има олабавување на мерките, ке бараме веднаш да се оди на избори.

Од друга страна, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашното интервју на телевизија 24 кај Мишко Иванов, рече дека најбрзо создавање на услови за избори би можело да има во првата половина на јули.

“Од она што го слушам од претседателот на Државната изборна комисија е дека му требало 50 дена за организирање на избори. Ако претседатело на државата ја прекине вонредната состојба, тогаш теоретски во првата половина на јули е најбрзо што може од денеска да се создадат услови за изборно соочување”, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека изборите треба да се случат во услови кога нема да се бројат жртви од коронавирусот и нема да има опасност од заразување со оваа болест.

Претседателот на државата Стево Пендаровски најавува лидерска среда меѓу 10 и 20 мај.