Новинарот Мишко Иванов добил навреди и закани на фејсбук

1
misko ivanov

Новинарот на Телевизија 24 Мишко Иванов објави навредувачка порака која ја добил вчера на својот фејбук профил. Ова се случило по гостувањата на лидерите на дветете најголеми партии во државава Зоран Заев и Христијан Мицкоски во емисија, чиј домаќин бил Иванов.

„Од што им ќутиме мислат дека се плашиме. Ова мора да заврши“, нашиша новинарот Иванов.

Со поддршка за неговиот колега, на својот фејбук профил се огласи и главниот уредник на телевизија 24 Младен Чадиковски, кој воедно е и претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Поддршка за сите колеги и колешки што се предмет на постојани закани…

Geplaatst door Mladen Cadikovski op Dinsdag 5 mei 2020

И новинарката на телевизија Телма, Наташа Стојановска јавно ги објави упатените закани кои ги добила.

“Се соочуваме со сè поголем број на ваков вид насилство а никој не превзема ништо. При тоа, ова најчесто доаѓа од партиските војници”, напиша новинарката на Телевизија Телма, Наташа Стојановска.

Инаку, новинарите на Телевизија 24 не се соочуваат прв пат со закани. Во 2017 година во Штип, извршувајќи ги своите работни задачи новинарот Владимир Тевчев и снимателот Иван Камчев беа вербално нападнати, а напаѓачот ја оштети и камерата на телевизијата.

ЗНМ пред три дена, по повод 3 Мај – Светскиот ден за слобода на медиумите потсети дека се потребни темелни реформи на медиумскиот сектор во државата, со цел воспоставување услови за работа на новинарите и медиумските работници, преку кои би се создал амбиент за извршување на нивните работни задачи, без притисоци, уцени и загриженост за нивната економско-социјална состојба.