Германски „Билд“: Кина го лажела светот за коронавирусот!

1
Текстот на германски „Билд“

Кина го лажела светот за епидемијата од коронавирус, за да стекне предност и би собрала залихи од заштитни маски на меѓународниот пазар, пред тие да станат најбарана стока, објави германскиот таблоит „Билд“, повикувајќи се на извештај на американското Министерство за внатрешна безбедност (ДХС).

Содржината на извештајот, кој требало да биде таен укажува на тоа дека Кина ја сокрила епидемијата од коронавирус за да набави на меѓуинародниот пазар медицинска опрема, вклучувајќи и и заштитни маски, наведува германскиот таблоид „Билд“.

Согласно ова, комунистичкиот режим во Кина намерно ја минимизирал заканата која ја претставуваше коронавирусот во почетокот на јануари.

Во исто време, Кина значајно го зголемила увозот на медицинска опрема и драстично го намалила извоот, пренесува „Билд“.

Според истиот извештај, Пекинг со задоцнување ги објавил податоците за тргувањето, како би можел да се осигура дека маневрот на купување на медицинската опрема нема да биде забележан. Помеѓу останатото, режимот порачал и големи количини на заштитни маски, нараквици и друг медицински материјал, потребен за да се спречи ширењето на инфекцијата.

Весникот потсетува на тоа дека кинескиот режим ги замолчуваше лекарите кои на почетокот на јануари ја предупредија јавноста за новиот вирус. Резултатот од оваа операција беше недостиг на медицинска опрема на светскиот пазар, што на земјите како Италија им ја отежна борбата против вирусот.

Со месеци се шпекулира дека коронавирусот случајно е пуштен од Институтот за вирусологија во Вухан или дека дури и намерно е пуштен. Во тие претпоставки, водечки е американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека овие денови имал многу цврсти докази дека вирусот излегол од споменатата лабораторија, но дека овие докази не би требало да ги изнесува во јавност.

Кинските власти многу остро ги отфрлаат ваквите теории, а тамошните државни медиуми реагираа подеднакво остро. Американскиот државен секретар Мајк Помпео дури рече дека „намерно шири отровни лаги“.

Извештајот на американското Министерство за внатрешна безбедност, исто така, предупредува на ризични истражувања во лабораторијата во Вухан, каде новиот вирус наводно се појавил во декември.

За потсетување, до 20 јануари Кина ја негираше можноста од пренесување на вирусот од човек на човек, иако информациите беа достапни уште во декември минатата година. Кина, исто така, е обвинета за уништување на примерок од вирусот и за цензурирање на научни публикации за вирусот, а кинеските власти одбиле да достават примероци од вирусот на меѓународните истражувачи.

Запрашан за можните последици за Кина, американскиот државен секретар Помпео рече дека САД „ќе ја преземат одговорноста“. „Билд“ пишува дека во меѓувреме и други земји сватиле дека Кина ја покренала кризата.