Велес со најголем број заразени во последните 24 часа

2
Infektivno Veles

Петмина велешани се помеѓу 13 новозаразени со коронавирус во земјава во последните 24 часа. По тродневното затишје, во само два дена, денеска и вчера, регистрирани се вкупно девет нови случаи, што е повеќе од 40 проценти од вкупните детектирани случаи во последните два дена.

Во меѓувреме, 12 велешани се помеѓу оздравените во последнито деноноќие, објави министерот за здравство Венко Филипче.

Според информации кои пристигнуваат до нашата редакција од граѓани, најголемиот дел од последните случаи на заразени со коронавирус потекнуваат од кластерот од конфекцијата Ју – Ка.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти.- Скопје 5- Куманово 12- Прилеп 9- Велес 12-…

Geplaatst door Венко Филипче op Woensdag 6 mei 2020