Рекорден број заразени велешани во последните 24 часа

1
CJZ Veles 1

Девет нови случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во Велес во последните 24 часа, соопшти градоначалникот на Велес Аце Коцевски.. Според имформации на Батали.нет, дел од денешните случаи повторно се од кластерот на конфекцијата ,,Ју-Ка“, односно на роднини на вработени во конфекцијата.

Во последните три дена Велес бележи дури 18 заразени граѓани, со што прераснува во ново жариште на коронавирус во Македонија. Со новите заразени, вкупниот број инфицирани велешани од Ковид-19 изнесува 94.

Во овој момент, во тек е состанок на Општинскиот кризен штаб, а градоначалникот Аце Коцевски во 11:30 часот свика прес конференција.

Од Центарот за јавно здравје оценуваат дека состојбата во градот е симптоматична и апелираат до граѓаните да бидат внимателни каде се движат и да ги почитуваат препораките со цел да се спречи ширењето на вирусот.