Денеска ќе сведочи Катица Јанева

2

Катица Јанева, поранешната специјална обвинителка денеска преку свое сведочење треба да даде исказ во случајот “Рекет”, каде што е обвинета за злоупотреба за службената положба.

На вчерашното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје, пак, сведочеше првообвинетиот Боки 13 кој се гони за примање награда, за противзаконско влијание и за перење пари.

Бојан Јовановски во неговото сведочење зборуваше за Јанева и рече дека била исклучителна и народна жена со која развиле пријателски односи и зборувале за теми за приватниот живот, љубовта итн, но дека ниту можел ниту на некаков начин влијаел врз неа за да изврши нешто противзаконско или да не преземе нешто што треба да преземе како обвинител.

Тој зборуваше и за фотографијата која тој ја направил во куќата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева каде таа седи во дневната соба, а на масата пред нејзе се гледаат пари, за кои обвинителството направи проценка дека се 50 000 евра. Јовановски на ова рече дека не станувало збор за пари од рекет, туку за пари за мебел.

После денешното рочиште каде што исказ ке дава бившата специјална обвнителка, остануваат уште заврните зборови од страна на обвнителката Вилма Русковска адвокатите на двајцата обвинети.

Судскиот процес аферата “Рекет” започна на 3 декември 2019, а на првото рочиште Зоран Милески – Кичеец, ја призна својата вина каде што доби тригодишна затворска казна.