Велес повторно со најмногу заразени со коронавирус

2
Infektivno Veles

Шест нови случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во Велес. Сите новозаразени се во роднинска врска со инфицираните од претходните денови.

Четврти ден по ред, Велес е на врвот по бројот на инфицирани во државата. Од понеделникот до денеска регистрирани се 24 заразени. Во исто време, регистрирани се и седум оздравени велешани.

Според информациите на Министерството за здравство, во последното деноноќие се регистеирани 14 заразени, од кои, покрај шесте во Велес, Скопје брои пет новоинфицирани, во Прилеп има двајца и еден во Тетово.