Годишнина од крвопролевањето во Куманово

1

Осум припадници на полицијата на 9 мај 2015 година заминаа да апсат дилери на дрога, но никогаш повеќе не се вратија. Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ во кумановската населба “Диво Насеље” влетаа во заседа и сите до еден беа убиени.

Тие добија медали за храброст, а десет напаѓачи ја делат нивната судбина, осум од вкупно 37 уапсени добија доживотен затвор. И до ден денес се бараат одговори кој и зошто сакаше да се случи “Диво Насеље”.

Иако не се нарушија меѓуетничките односи во градот, сепак Куманово остана во плач, остана да жали за загинатите припадници на МВР и гневно да бара одговори кој и зошто дозволи толку оружје да се внесе во државата и во Диво насеље, и зошто имињата на високи функционери се споменуваа како вмешани во случајот, и до ден денес сеуште останува енигма.

“Знам дека Македонија му должи на Куманово, додека го барате одгововорот и се обидувате да ни се раздолжите, ние ќе продолжиме да живееме заедно и вистински да се бориме и придонесуваме за нашиот град и нашата држава! Вечна им слава на сите Херои”- напиша Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово

Во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група.