вторник, 22 септември, 2020
Реклама

Еден починат и шест нови случаи на заразени од Ковид 19 во Велес

korona-virus-1

Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1. Досега во земјата се направени вкупно 18821 тестирања на КОВИД-19.

Денеска Институтот за јавно здравје  регистрира 13 оздравени пациенти.
– Скопје 6
– Куманово 2
– Прилеп 1
– Тетово 1
– Македонски Брод 1
– Пехчево 1
– Виница 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1622, бројката на оздравени пациенти е 1112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.

Mon Жан - Играчки