недела, 20 септември, 2020
Реклама

Училиштето „Петре Поп Арсов“ од с. Богомила со видео го одбележа патронатот

OOU Bogomila2

Делегација од ООУ „,Петре Поп Арсов“ од село Богомила, по повод патрониот празник на училиштето, положи цвеќе пред Спомен – куќата на патронот на училиштето, револуционерот Петре Поп Арсов.

По тој повод, беше објавен литературен и ликовен е-конкурс. Во овие тешки времиња кога целиот свет се бори со короанвирусот, наместо класично одбележување на празникот, наставниците од ова училиште изработија видео, во кое се евоцираат спомени од претходните патронати.

„Во овие тешки времиња за сите нас, оддаваме почит на нашиот патрон, а секако преку овој видео-времеплов, ги потсетуваме учениците на нивните улоги и нашите убави патронати. На крај, ги поздравуваме сите наши ученици, родители, соработници и пријатели со една емотивна порака и се надеваме дека оваа криза поскоро ќе заврши и ќе се дружиме во училишните клупи, одговарајќи на новите предизвици, правејќи нови патронати, проекти и активности. Нека ни е среќен Денот на училиштето!“, се вели во пораката од ООУ „,Петре Поп Арсов“ од село Богомила.

Mon Жан - Играчки