Прекршувањата на полицискиот час се намалуваат, карантините се зголемуваат

3
Veles

Четворица велешани викендов се уапсени, бидејќи без дозвола се движеле за време на полициски час. Тројца од нив забраната ја прекршиле во петокот кон саботата, а еден е уапсен во последниот полициски час, кој траеше од вчеравечер, до утрово.

Тројца неготинчани се приведени викендов поради истата причина. Кавадарчани викендов биле најдисциплинирани. Ниту еден не уаспен, поради неполитување на полицискиот час.

Викендов е зголемен бројот на велешани кои добиле решение за самоизолација. 58 нови граѓани во изолација се дел од вкупната бројка од 156 велешани, кои во моментов имаат решенија за изолација. Седум граѓани самоиницијативно се ставаат во изолација и сега таа бројка во Велес изнесува 29 велешани со изјави за самоизолација.

Кавадарци

Во Кавадарци и Неготино овие бројки се далеку пониски од Велес. Еден кавадарчанец и двајца неготинчани потпишале изјави за самоизолација, а викендов не е издадено ниту едно решение за изолација. Во Кавадарци во моментов нема граѓани со такви решенија, а уште деветмина се во самоизолација, додека во Неготино се петмина граѓани имаат решенија за изолација, а седуммина се дома, со потпишани изјави за самоизолација.

ОД СВР Велес, кое го покрива подрачјето и на Кавадарци и Неготино, велат дека сите граѓани кои со во карантин, викендов се проверени и утврдено е дека ги почитуваат решенијата и изјавите кои ги потпишале.