Земјотрес утрово почувствуван во Охрид

1

Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер утрово во 5.10 часот е почувствуван во Охрид.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово во 5.09 часот регистрира земјотрес, чиj епицентар се наоѓа 114 километри југозападно од Скопје и потекнува од охридското епицентрално подрачје.