И денеска Велес без заразени од коронавирус

2
Infektivno Veles

Втор ден по ред нема нови заразени велешани со коронавирус. Во последните 24 часа во земјава направени се 145 тестирања и од нив позитивни се 22 граѓани, објави министерот за здравство Венко Филипче. Скопје има најмногу нови случаи, вкупно 13, второ е Тетово со седум и во Прилеп се потврдени два нови случаи.

Вкупната бројката на заболени лица од Ковид 19 во Велес изнесува 102. Од нив излечени се 49 лица, a има 48 активни случаеви. Четворица досега починаа.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.