Ни трага ни глас од 30 годишниот велешанец

1

Нема ни трага ни глас за лицето Ибрахим Мемедов, кој веќе пет дена се води за исчезнат. Тој последен пат е виден пред пет дена, откако испаднал од дома и повеќе не се вратил. Тој на себе носел бели кратки пантолони, и бела кратка маица.

Неговото семејство, заедно со неколку роднини и пријатели, како и полицијата, очајно се во потрага по Ибрахим, но за сега обидите се безуспешни.

Тие апелираат до граѓаните кои имаат било каква информација, веднаш да пријави во полициската станица, или на 192.