Нема одредени пазарни денови, градскиот пазар во Велес ќе работи секој ден

1
Pazar zimo-prolet

Нема да има пазарни денови и во иднина, се додека не се создадат услови за тоа, реши Општина Велес. Градскиот пазар ќе работи секој ден од 7 до 14 часот. На состанокот, на кој, покрај градоначаникот Аце Коцевски, учествуваа и претставници од Центарот за јавно здравје – Велес, инспекциските служби, МВР – СВР Велес и ЈКП Дервен, се донесе заклучок дека состојбата поврзана со коронавирусот не дозволува да се укинат веќе донесените мерки.

Според тоа, Малиот пазар во Нова наслеба останува затворен, бидејќи затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

На средбата, исто така се разговараше и за барањата на регистрираните трговци – поединци за продажба на непрехранбени производи, како и обезбедувањето дозвола за продвавање на досегашните продавачи, кои без дозвола ги продаваа своите производи на паркинг просторот зад училиштето ООУ„Панко Брашнаров“ пред Градскиот пазар.

Следната средба на која повторно ќе бидат разгледани овие и други дополнителни барања, ќе се одржи во понеделник на 18 мај.