Претседателката на приватните лекари бара запирање на мерките, специјализантите и младите лекари вратија: Извинете што е дозволено секакви да ве лечат

1
Lili Colakova Dervisova

Веднаш да се запре со сите рестриктивни мерки, побара претседателката на Здружението на приватни лекари на Македонија, д-р Лилија Чолакова Дервишова. Според неа, поради коронавирусот и вниманието кое му се посветува, се запоставуваат останатите граѓани, на кои им треба и лекарска помош и движење.

„Го поулавевте народов. Пензионери ме молат да сум им дала потврда да можат да се движат и вечер, бидејќи не можат да издржат со толку малку движење. Овие што се оперирани од срце велат нас кардиохирургот ни велеше да се движиме и утро и вечер. Здрави луѓе се ограничуваат да си го живеат животов. Двајца дојдоа со многу јаки болки од заб. Вратете сè во нормала. Здравиве ќе ни умрат од недвижење и сите компликации кои ги носи таквиот живот“, напиша на својот фејсбук профил д-р Чолакова Дервишова.

Таа се пожали дека од 7 часот наутро до 12 часот напладне имала 55 прегледи на лица полни со стравови предизвикани од коронавирусот и пензионери кои ја молеле да им издаде некаква дозвола, со која ќе можат да се движат и навечер. За вирусот Ковид-19 таа вели дека спаѓа во родови вируси кои постоеле и ќе постојат и бара да се укинат сите рестриктивни мерки, бидејќи тоа влијае лошо врз здравјето на луѓето.

На ова реагираше Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари. На ироничен начин го повикаа Министерството за здравство да и додели награда за ваквата изјава.

„Ве молиме двојна награда за оваа изјава. Почитувани извинете што е дозволено секакви да ве лечат“, велат на својот фејсбук профил од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Министерство за здравство / Ministria e ShëndetësisëВе молиме двојна награда за оваа изјава.Почитувани извинете што е дозволено секакви да ве лечат.

Geplaatst door Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ op Maandag 11 mei 2020