Почнува асфалтирањето на патот од Голозинци кон Горно Врановци и Јаболчиште

2
Golozinnci - Vranovci

Почнуваат активностите за проширување и асфалтирање на патот од село Голозинци до крстосницата до село Горно Врановци и Јаболчиште. Ова е дел од втората и завршна фаза на изградбата на овој пат, во должина од 5,5 километри и ширина на асфалтна коловозна лента од 5 метри, финансиран од програмата на Јавно Претпријатие за Државни Патишта во висина од 50 милиони денари.

„Овој пат во голема мера ќе го олесни животот на граѓаните од овие населени места. Минатата година се асфалтираа 5,7 километри на потегот од населба Чашка до село Голозинци, со што жителите од населените места по течението на реката Тополка конечно добиваат комплетно проширена и модерна патна мрежа која последен пат беше асфалтирана во далечната 1982 година“, рече градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.

Изведувач на градежните активности е ЈП „Македонија пат“, кое, согласно градежната динамика, оваа завршна фаза треба да ја заврши во следниве три месеци.