Се запали приватен автобус во Скопје

2

Во пожар кој утрово избувна под железничката станица во Скопје изгоре автобус на приватни превозници. Во гаснењето на пожарот интервенираше Бригадата за противпожарна заштита, со две возила и седум пожарникари.

“Имавме повик за запален автобус во 7:20 часот. Нашата брза интервенција спречи пожарот да се прошири наоколу. Според првичните сознанија, причина за пожарот е електричната инсталација на автобусот”, рече Владимир Симоновски, командант на скопската пожарна единица.

За среќа, во оваа несреќа нема повредеди луѓе.