(ВИДЕО+ФОТОГАЛЕРИЈА) Тримесечно бебе меѓу повредените во железничката несреќа кај Велес

2
naslovna

Тримесечно бебе е едно од петтемина патници во автомобилот, кој синоќа излета од патот Велес – Градско, падна на железничката пруга, а на него налета локомотива. Сите петмина се надвор од животна опасност.

„Повредени се пет лица, маж на 27 години со фрактура на лумбален `рбет. Поради природата на повредата, испратен е на клиника за трауматологија во Скопје, каде што е задржан на лекување. Повреденото тромесечно бебе има контузија на главата, заедно со мајката, која била со него во автомобилот се испратени на скопските клиники, но бебето е вратено назад во велешката болница. Останатите тројца патници имаат полесни повреди, најчесто нагмеченици“, рече Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Gallery not found.

Несреќата се случи синоќа, околу 19 часот, кај дирекцијата на Агриа, во близина на јужниот влез на Велес. Возилото марка „Рено“, во кое се возеле петмина патници, прво изгубило контрола и удрило во едно од заштитните столбчиња, се превртело и паднало на железничката пруга, која е веднаш до патот. Сите патници имале среќа што, според зборовите на машиновозачот, при падот излетале од возилото, па кога на нив налетала локомотивата, во автомобилот немало никој. Батали.нет дознава и дека човекот кој го возел автомобилот, немал возачка дозвола.

„На 13.05.2020 во 19.05 часот на железничка пруга Градско – Велес, на околу два километри пред влез во Велес, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје и патничко возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(22) од Куманово, кое претходно изетало од патот и паднало на пругата. По незгодата возачот Б.Д. и сопатниците А.К.(25), С.К.(21) и тримесечно бебе, сите од Неготино и Ш.М.(27) од Куманово биле пренесени во Медицински центар Велес, при што кај возачот Б.Д. и бебето биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останатите сопатници се констатирани телесни повреди. Во периодот од 19.05 до 23.40 часот за време на вршење на увидот железничкиот сообраќај бил во прекин“, велат од СВР Велес.

Јавен обвинител со асистенција на полицијата синоќа направи увид, по што треба да се дознае причината за несреќата. Доцна синоќа, возилото беше извлечено од пругата, која по прекинот од неколку часа, повторно беше пуштена за железнички сообраќај.