понеделник, 21 септември, 2020
Реклама

5 СИМПТОМИ НА РАК КАЈ МЛАДИТЕ КОИ СЕ НАЈЧЕСТИ И ДОЦНА СЕ ЗАБЕЛЕЖУВААТ! Морате многу почесто да одите на ЛЕКАР, а ова се знаците!

Речиси една третина од младата популација (во која припаѓаат тие до 35 години) добива дијагноза на рак кога е предоцна – во завршните фази на болеста. Прилина за тоа е што лекарите на почеток, како и пациентите, со леснотија ги отфрлаат можностите дкеа се работи за тешка болест кај младите, сметајќи дека ракот е болест на постарите.
Статистички, околу 5 до 10 посто од заболените од рак се млади луѓе, што дефинитивно не е бројка за занемарување, а според сдудиите, потребно им е дури тројно повеќе посети на лекар, пред да добијат потврда на дијагнозата.

1

1. Необјаснива болка која трае подолго од една недела
2. Појава на грутки, отоци или издигнати делови на кожата
3. Значаен и необјаснив губиток на тежина
4. Екстремен умор
5. Промени на бемките
Иако целта на лекарите не е да креваат паника – и понатаму нагласуваат дека малигните болести не се така честа појава, на оние со претходно споменатите 5 симптоми, а посебно на оние кои имаат и генетски предиспозиции, им се советува да го посетат својот лекар за да го отфрлат секој сомнеж.

Ракот на женските полови органи, бубрезите, панкреасот се во пораст кај помладите возрасни луѓе

Во САД е во пораст и бројот на заболени од рак на женските полови органи кај групата жени од 25 до 49 години ,како и ракот на жолчката кај помлади од 30 години. Од 1995 до 2014 година во Велика Британија е во пораст и бројот на заболени од рак на бубрезите на возраст помеѓу 25 и 29 години и тоа за 6,2 посто, додека ракот на панкреасот во САД се појавува 4,3 посто повеќе во возрасната група заболени од 25 до 29 години. Во таа земја расте и бројот на заболени од мултипен мелом, додека се бележи пад на бројот на млади жени заболени од рак на дојка.

2

Во светот во пораст е и ракот на жолчната кеса за 36 отсто кај луѓето постари од 30 години, стои во истражувањето објавено во Ланцет.
Научниците сметаат дека животниот стил кој вклучува лоша исхрана и вишок масно ткиво е можна причина за појава на некои видови рак, како оној на дебелото црево, на бубрезите или на панкреасот. Неколку години го истражуваат податокот дека ракот на дебелото црево е се почест кај младите луѓе до 49 година, а некогаш овој тип на рак бил карактеристичен кај старата популација.
Младите луѓе во Европа се на усдар на сè поагресивни облици на оваа болест, која не се намалува и покрај најновите методи на лечење.

Mon Жан - Играчки