понеделник, 21 септември, 2020
Реклама

Уште една текстилна компанија затвора поради коронавирусот

Уште 250 текстилни работнички денес одат дома. Потврден е случај со корона вирус во уште една конфекција. По информацијата испратени се на годишен одмор. Ќе чекаат со вработените од другите пет конфекции што беа затворени пред два дена да им бидат земени брисеви. А таму пред затворените конфекции денес раздвижено. Во нив се сместени мобилните пунктови на Центарот за јавно здравје. Сите се сложни дека е добро да се тестираат, но некои и покрај заразените колешки не веруваат во вирусот.

“Јас бидејќи имам дето кое е до десетгодишна возраст, седам дома. Сепак јас сум дел од фирмата и ме повикаа да ме тестираат. Лично за мене не би требало бидејќи јас седам дома со моите деца и сум немала никаков контакт со фругите работнички” вели една од работничките кои чекаа да бидат тестирани.

“Јас не верувам, не верувам во ова, не верувам дека постои вирусот”, истакна друга работничка која чекаше на тестирање за Ковид 19.

Во Штип во изолација се 336 граѓани што е највисока бројка од стартот на епидемијата. Конфекциите што по тестирањето ќе почнат да работат, но и оние што не се затворени ќе мора да назначат Ковид 19 координатори, нивна задача ќе биде контрола на почитување на мерките.

“Ќе има целосна комуникација и координација во текот на цело работно време со вработените, и ќе укажува на секави групирања, ќе разговара со нив и нема да дозволи никакви групирања во конфекциите” истакна градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски.

Од позитивните на корона вирусот во Штип најголем дел се без симптоми, а на инфективното оделение се хоспитализирани 16 пациенти. Освен еден што има потреба од повремена кислородна подршка другите се со стабилна средна клиничка слика. Подготвени се за План Б ако повеќе пациенти имаат потреба од болничко лекување.

“Доколку се јави потреба, нервното одделение , кое што е во иста зграда со инфективното одделение, ќе биде евакуирано на друго место и нивниот капацитет ќе биде ставен во функција.” изјави Ален Ѓеоргиев директор на Клиничка болница Штип.

Според вицепремиерот Бујар Осамани кој беше дел од состанокот со штипскиот кризен штаб со оглед на тоа дека дека вирусот ќе биде присутен подолго време  можно е вакви Ковид 19  координатори да бидат назначени и во  сите јавни институции.Според него клучно во периодот е борбата со лажните вести за вирусот. Штип има оклу 7000 текстилни работници, а голем дел  со автобуси доаѓаат на работа и од соседните општини. Тоа придонесе за појава на нови случаи во неколку соседни градови што неколку недели немаа позитивни на вирусот.

Mon Жан - Играчки