Полицискиот час се враќа во цела држава

3
Filipce 29.05.2020

Владата го враќа полицискиот час. Викендов ќе биде забрането движењето за сите граѓани и тоа од утре (четврток), кога полицискиот часќе почне од 21 часот, а ќе трае до петок, до 5 часот наутро. Во останатите денови од викендот забраната ќе почнува во 16 часот и ќе трае до 5 часот следниот ден.

Владата воведува целосна забрана за движење во неколку општини во Македонија. Почнувајќи од утре, од 21 часот, до понеделник до 5 часот, целосна забрана за движење се воведува во Скопје, Куманово, Липково, Штип, Тетово како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегоновце, соопшти предмалку министерот за здравство Венко Филипче.

Од четврток од 21 часот, па до понеделник до 5 часот, се забранува посета на гробиштата во целата земја, освен во случај на погреби.

„Овој нов бран е директна последница од непочитувањето на јасно пропишаните мерки, но и задоцнета и слаба активност за казнување од страна на надлежното министерство. Се надевам дека конечно и на последните скептици ќе иом стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да замине, додека сите не прифатиме дека претставува закана за секој, кој не ги почитува мерките за заштита од него“, рече Филипче.

Дозволите кои претходно беа издадени за одредени група граѓани, ќе важат во овој период, појасни министерот.