120 заразени, 16 оздравени и двајца починати пациенти од коронавирус

3

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје 67, Куманово 19, Штип 16, Прилеп 4, Тетово 9,Велес 2, и Гостивар, Неготино и Струмица по еден нов случај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти

Починати се две лица од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.611, бројката на оздравени пациенти е 1.621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.