Обвинителството отвора предмет за повиците на литургија на Повардарската епархија

2
Agatangel

Велешкото јавно обвинителство отвори предмет за Повардарската епархија, откако оттаму денеска ги повика верниците масовно да дојдат на литургија во црква, по повод верскиот празник Задушница (Духовден).

Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, велешкото обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување на податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како  и во поглед на почитувањето на мерките кои се определени од страна на Владата на Република Северна Македонија, велат од ОЈО Велес.

И покрај апелите од министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на Велес Аце Коцевски, Владиката Агатангел да се откаже од повикот, од Повардаската епархија денеска за Батали.нет велат дека тоа што го имаат да го кажат го кажале во соопштението и дека немаат намера да ја сменат нивната одлука.