вторник, 22 септември, 2020
Реклама

Каде е грешката во вчерашните бројки на заразени велешани?

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски и министерот за здравство Венко Филипче вчера објавија различни бројки на заразени велешани.

Според Коцевски, вчера четворица велешани биле позитивни на коронавирусот.

Неколку часа подоцна стигнаа и официјалните податоци од Министерството за здравство, во кои двајца од Велес биле регистрирани како позитивни во последните 24 часа.

Батали.нет се обиде да дознае која бројка е точна. Во текот на вчерашниот ден, сепак, четворица велешани се позитивни на тестот за коронавирус. Двајца од нив се тестирале во Велес, а двајца, оние за кои градоначалникот Коцевски кажа дека се од исто семејство, биле тестирани во Скопје. Поради тоа, Институтот за јавно здравје ги води како заразени жители на Скопје.

Според тоа, точната бројка на заразени oд вчера треба да гласи, Велес четворица, а Скопје, наместо 67, треба да има 65 инфицирани жители.

Mon Жан - Играчки