Видео: Инциденти во Бафало, полицијата повторно употреби сила на демонстрант

3

Веќе десетти ден траат протестисте поради бруталното убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минесота, а полицијата синоќа во Бафало повторно употреби сила.

Двајца полицајци со палка турнаа на земја еден демонстрант, повозрасен човек, кој падна на земја, а тие поминаа покрај него.

“Ројтерс” пренесува дека на една видео снимка на се слуша звук сличен на пукање на коски, а потоа се гледа како срушениот демонстрант крвари од главата.

Полицајците веднаш се суспендирани, а видеото од инцидентот во Бафало предизвка бес на социјалните мрежи, каде многумина го осудија потегот на полицајците.