д-р Каламарас: Дали сте свесни дека непочитувањето на мерките ќе не убие сите?

1
patricija kalamaris

Дали мислите дека е во ред да го уништите целиот наш макотрпен труд, одрекување од фамилиите, одрекување од нормален живот со обвиненија дека се е измислица и дека ќе го избегнете вирусот, напиша на својот фејсбук профил инфектологот д-р Патриција Каламарас, револтирана од вчерашната слика, која покажа како редици автомобили го напуштаат Скопје, граѓани кои не почитуваат мерки и оние кои не веруваат дека вирусот постои. Лекарката од инфективното одделение во ГОБ „8 Септември“ иронично се заблагодари од името на целиот медицински персонал за „почитта“ кои овие луѓе ја имаат кон медицинските работници.

„Дали мислите дека со негирање за постоење на вирусот ќе го избегнете вирусот? Дали мислите дека со вашето надмудрување и непочитување на препораките ќе го избегнете вирусот? Дали мислите дека со вашите теории на заговор, 5Г и политички препукувања ќе го избегнете вирусот? Дали мислите дека е во ред да го уништите целиот наш макотрпен труд, одрекување од фамилиите, одрекување од нормален живот со обвиненија дека се е измислица и дека ќе го избегнете вирусот? Дали мислите дека го заслужуваме ова ние кои постојано бдееме над вас? Дали мислите дека мерките кои се донесуваат се против вас и дека некој сака да ви наштети? Дали сте свесни дека непочитувањето на мерките еден ден ќе не убие сите нас? Уште колку време треба да помине за.да се уверите дека над сите нас виси мечот на смртта? Треба ли да има помор на целиот народ за да сфатите дека вирусот е тука меѓу нас? Дали сте свесни дека здраствениот персонал е на работ на силите? Ќе се лечите сами? А лекови? Заштитна опрема? Медицински персонал? Почна да се разболува персоналот. А зошто? Затоа што вирусот не постои? Едно големо благодарам од името на целиот медицински персонал за вашата почит кон нас. Ете со вашите теории на заговор убијте го целиот персонал, па со вашите теории на заговор ќе се лечите сами,“ напиша Каламарас.

Прочитајте: