Пронајдени 25 мигранти на автопатот Велес – Скопје

2
migranti

25 илегални мигранти се пронајдени вчераутро на на автопатот Велес – Скопје, после пунктот на „Македонија пат“. Освен мигрантите, полицијата пронашла и три автомобили „Ауди“, „Фоклксваген“ и „Мерцедес“, од кои третиот бил превртен.

Возилата со скопски регистарски ознаки претходно биле забележени кај Демир Капија, но не застанале на даден знак за запирање и продолжиле со движење кон Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.