Заев: Ако СДСМ победи, јас ќе бидам премиер, ако ДУИ условува нема да биде во влада

2
Zoran Zaev 997x485

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека доколу СДСМ победи на изборите, тој е кандидатот за претседател на Влада и ќе биде премиер, кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажал низ сите негови политики изминативе години. На својата фејсбук страница Заев му одговори на неговиот коалиционен партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети, откако денеска тој, по повод годишнината на неговата партија, напиша дека е време Албанец да застане на чело на владата.

„Во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник. Според Уставот, пратениците во Собранието се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат.

Точно е дека граѓаните во нашето општество сѐ повеќе ги надминуваат етничките бариери, но поважно од тоа е дека при изборот тие се водат, пред сѐ, од квалитетите на кандидатот и посебно од неговиот однос кон граѓаните, од неговата општествена посветеност за добробит на сите граѓани и државата, како и личниот пример што како впечаток кандидатот го остава пред граѓаните.

Доколу СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години.

Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада“, напиша Заев на фејсбук како реакција на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека е време за премиер албанец, кажана по повод одбележувањето на 18 години од основањето на ДУИ.

Извор: libertas.mk

Поврзани вести: