(ФОТОГАЛЕРИЈА) Нов стрип мурал се црта на ѕидот под Градскиот саат во Велес

2
mural 997x485

Нов ѕиден мурал доби Велес. Тој се изработува на армирано – бетонскиот ѕид под Градскиот саат. Муралот го цртаат стрип уметниците од „Стрип центарот на Македонија“. Проектот наречен „Муралот како културна и туристичка знаменитост во Велес“, се реализира со пари од годинешната програма на Министерството за култура.

„Стрип центарот на Македонија“ досега веќе има изработено пет мурали на фасади во градот.

„Ова е втор пат Министерството за култура да поддржи ваков проект. Овие стрип мурали, први од ваков вид во Македонија, се протегаат на различни локации и се вистинска атракција како за жителите на Велес, но ја збогатува и неговата туристичка понуда. Праксата на цртање на мурали е многу честа во светот, посебно е интересен градот Ангулем, Франција, откаде ги добивме првичните идеи и искуства“, вели Томе Трајков, координатор на проектот.

Стрип муралот се изработува на површина од 33 метри квадратни. Овој пат мотив за цртање на мурал е Крале Марко и се работи на веќе познатата локација во близина на Градскиот саат, меѓу два веќе изработени мурали. Се работи со акрилни фасадни бои и специјални четки од страна на веќе воиграниот тим, Ване Трајков, како главен цртач и Анита Гочева и Горан Мазнев кои се асистенти.

„Праксата на изработка на мурали низ Велес ќе продолжи и понатаму, во според тоа колкава финансиската поддршка ќе добиеме од државата, но и од други донатори. Оваа уметност е веќе прифатена помегу граѓаните на Велес, нивните коментари при поминување низ оваа прометна улица го докажуваат тоа. Се надеваме дека интерес за овој тип на творештво ќе се пројави и низ други градови од државата“, рече Трајков.

Gallery not found.

Поврзани вести: