(ВИДЕО) Како изгледаат возилата низ депоата низ Македонија, кои се запленети од државата

3

На само 17 км од центарот на Скопје постои огромна гробница од моторни возила. Со години лежат илјадници автомобили, мотори, автобуси, камиони. Овој простор на дел од нив е дома повеќе од 15 години.

Овие моторни возила не се напуштени од нивните сопственици туку напротив запленети од државата, а запленети се заради тоа што со нив се сторени кривични дела.

По долги години стоење, природата веќе почнала да зема данок, едни рѓосале, други пак не можат да се забележат поради тревата и грмушките кои обраснале околку нив. Претежно, таков е случајот со запленетите камиони, кои повеќе од една деценија стојат во депото во Идризово.