Христијан Мицкоски: Огромниот број на заболени само потврдува дека работите излегуваат од контрола

2
mickoski-2-1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во видео обраќање кажа дека ситуацијата со Ковид-19 во нашата земја е алармантна, а владата нема план како да се справи.

“Народски кажано, Владата не знае каде тера. Огромниот број на заболени само потврдува дека работите излегуваат од контрола. Секој обид за релативизирање на работите е штетен и претставува потценување на заразата”, вели Христијан Мицкоски.

Во обраќањето што тој го имаше кажа дека поопасно е тоа што Владата вели дека ги знае кластерите, бидејќи според него бројката на заразено не го потврдува тоа.