Се почитува уредбата за затворање на текстилните и кожарските компании

2
Testiranje Stip

Уредбата за затворање на текстилните и кожарските компании во Штип се почитува. Денес никој од нив не работи. Работници има само пред фабриките каде се земаат брисеви. Денес се тестираат над 200 лица, тие се дел од масовниот скрининг што треба да опфати над 800 работници од седум конфекции. Тие денес со автобуси беа донесени пред фабриката и со нив повторно беа вратени дома.

“Навикнати сме веќе, но да видме што е и како е. едноставно да се провериме”. вели една работничките кои чекаа да бидат тестирани за Ковид 19.

“Воопшто ништо не е страшно, нормален преглед. Убаво е за како за луѓето така и за фирмата, едноставно да се ослободиме за да можеме да работиме и да живееме нормално” дополни друга работничка.

Уредбата се однесува само за конфекциите и чевларските компании, од каде веќе има поголем број позитивни на вирусот, останатите фирми што имаат дозволи за работа во полициски час функционираат нормално.

“Со оваа уредба се опфатени текстилните компании, не останати индустрии. Ни знаеме дека во останатите индустрии ќе работат, меѓутоа таму ниту се појавил вирусот, ниту има толку голема концентрација на луѓе. Сите оние кои работат во тие фирми се во самоизолација доколку биле во контакт. Ние имаме голема бројка во Штип кои се во самоизолација”, објасни Кристина Ампева од Гласен текстилец.

Вирусот во штипските конфекции велезе пред две недели. Текстилна работничка имала контакт со позитивен. Освен во текстилната фабрика каде работела корона вирусот се пренесе и преку автобусите со кои се возеле работници од неколку различни конфекции.

Една од причините е и што при превозот не се почитувало растојание и не секогаш се носеле заштитни маски. Државниот здравствен и санитарен инспекторат не најде прекрушувања при конттрола на автобусите во Штип, но неколку непочитувања на уредбата констатирале од  Државниот инспекторат за транспорт и тоа во автобусите кои ги носат работничките од други општини на работа во Штип.

И инспекциските служби на општина Штип констатирале неправилности, најчесто во делот за непоочитување на бројот на работници што смее да се преврзува.