Тројца велешани се меѓу 125-те новозаразени со коронавирус

1
Infektivna klinika Skopje naslovna

Тројца велешани се позитивни на тестот за коронавирус, направени во последното деноноќие. Во исто време, регистрирани се и четворица оздравени велешани. Вкупната бројка на новодијагностицирани во земјава во последните 24 часа се направени е 125. Од институтот за јавно здравје ингформираат дека се направени 1085 тестирања.

По градови, состојбата со новозаразени во последното деноноќие изгледа вака:

– Скопје 46
– Kуманово 19
– Штип 17
– Прилеп 1
– Тетово 16
– Струга 7
– Велес 3
– Битола 1
– Охрид 5
– Гостивар 6
– Кочани 1
– Делчево 1
– Неготино 2

„Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај“, велат од Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.

Поврзани вести: