четврток, 6 август, 2020
Најнови вести
Реклама

На денешен ден пред 27 години Дражен Петровиќ го одигра својот последен натпревар

На денешен ден во 1993 година во сообраќајна несреќа во Германија, на 28-годишна возраст загина легендарниит Дражен Петровиќ. Скоро триесет години од смртта на “кошаркарскиот Моцарт”, а на многумина и натаму им недостига. 

SkillUP

Последниот натпревар на Дражен беше во дресот на Хрватската репрезентација, против Словенија, во рамки на квалификациите за Европското првенство, турнир кој се играше во Вроцлав, Полска. Дражен Петровиќ по натпреварот решава да замине со автомобил заедно со девојката Клара и турската кошаркарка Хилал Едебал, иако сите други играчи донеле одлука да преноќат во хотел.

Автомобилот го управувала неговата девојка Клара на автопат во Баварија, но во еден момент удира во камион. Клара ја преживува сообраќајната несреќа, но Дражен Петровиќ кој во тој момент спиел, не го преживеал тешкиот удар и на лице место загинува.

Можеби најдобриот европски кошаркар на сите времиња, имаше само 30 години кога загина. Во кариерата играше за Шибенка, негов прв, матичен клуб, а се прослави во Цибона, Реал Мадрид, па потоа да замине во НБА каде играше за Портланд Трејл Блејзерс и Њу Џерси Нетс.

Дражен Петровиќ има забележалежано 40 настапи за Хрватската репрезентација. За мечот против Македонија иако бил во составот, тој не влегол во игра. Исто не играл против Ангола на Олимписките Игри во Барселона 1992.Има постигнасто 1.004 коша за Хрватска и е на 9-то место на вечната листа најдобри стрелци во хрватската репрезентација. Прв и натаму е Дино Раѓа со 1.764 коша.

Реклами
Mon Жан - Играчки