(ВИДЕО) Им влезе во двор со автомобил во село Богомила

2

Сообраќајна незгода во село Богомила, во која во видеото јасно се гледа како возачот изгубил контрола врз возилото и прво удира во приколка која стои покрај патот, па потоа влегува во нечиј двор, се појави на youtube каналот.

Направена е само материјална штета, а за повредени лица за сега нема информација, пренесува порталот Велесденес.мк.