По пауза од две недели повторно регистриран домашен случај во Кина

1

По пауза од две недели Кина го пријави првиот случај на заразен од коронавирусот кој не дошол од странство, а заразеното лице со вирусот е од островот Хаинан. До сега во Кина, се заразиле вкупно 83.036 лица.

Властите велат дека запрено е ширењето на Ковид-19 на целата територија но оти повремено ќе се појавуваат жаришта.

Во Кина полека започна и олеснување на ограничувањата на летовите и забраната за влез во земјата од странство, така што е зголемено вниманието и врз оние кои потенцијално би можеле да го донесат вирусот од другите краишта на светот.

До овој момент во Кина од коронавирусот починаа вкупно 4.634 лица.