вторник, 22 септември, 2020
Реклама

(ВИДЕО) Луѓе си пазаруваат, отворена продавница, како да не е полициски час

Во Чаир луѓето си пазаруваат, а на само неколку метри од нив има полиција која ги проверува само возилата кои се движат.

Денешната репортажа која ја направи телевизија Телма во Скопје покажува дека и во населбата Даме Груев одвреме навреме поминува полициска патрола, но граѓаните не се многу исплашени, а полицијата само ги предупредува да се вратат дома.

„Додека полицијата стои на крстосница и бара дозвола од возачите на само неколку метри има отворена продавница. Позачудувачки е редицата граѓани, коишто мирни чекаа ред за да испазарат на сред полициски час. Движење регистриравме и во други населени места во скопско. Казни нема, само остри усни опомени за луѓето кои опуштени се движат надвор иако тоа не смеат да го прават“, вели репортерот на телевизијата.

Погледнете ја репортажата на ТВ Телма.

Mon Жан - Играчки