Денеска во Хјустон ќе биде погребан Џорџ Флојд

2

Џорџ Флојд денеска ќе биде погребан во Хјустон, Тексас откако пред две недели од полицаец беше убиен во Минеаполис, Минесота. Неговото убиство го крена американскиот народ, а во меѓувреме пак, градските власти одлучија да се расформира локалната полиција во Минеаполис.

“Ние сме за распуштање на полициската служба каква што ја знаеме во градот Минеаполис”, рече претседателката на градскиот совет, за Си-Ен-Ен.

Афроамерикацет Џорџ Флојд почина на 25 мај за време на апсење, кога полицаец со колено го притискаше повеќе од осум минути, а смртта на Флојд предизвика низа протести против расна дискриминација и полициска бруталност низ САД и во светот.

Претходно, се одржаа комеморации за Флојд, Минеаполис, каде тој беше убиен, и Редфорд, неговиот роден град во Северна Каролина.