Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали ќе се воведат нови рестриктивни мерки

3
Policiski-cas 997x485

Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува дали ќе повторно ќе се воведе полициски час, за да се спречи ширење на коронавирусот.

Одлуката која ќе jа донесе, Комисијата ќе и ја достави на Владата.

Поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот, на последниот викенд, кој беше и продолжен заради празникот Задушница (Духовден), беше воведен полициски час.

Во земјата од почетокот на епидемијата до сега вкупно се регистриран 3.025 инфицирани пациенти со коронавирус, досега оздравеа 1.646, а починаа 153 граѓани.

Во моментов 1.226 пациенти се активни случаи со коронавирус.